„Џонсон Мети“ отвори уште една фабрика

Bez autora
Nov 11 2013

По три години откако ја отвори фабриката во Бунарџик, британската компанија „Џонсон Мети“ вчера отвори уште еден погон на истата локација вреден 60 милиони евра. Со тоа, вредноста на инвестицијата во земјава на еден од светски најпознатите производители на автомобилски катализатори достигна над 130 милиони евра. Kомпанијата, која има 450 вработени во Македонија, во новата фабрика ќе вработи уште 200 лица. Според раководството на компанијата, големиот успех на првата инвестиција, со очекуваниот пораст на побарувачката, бил главен поттик за проширување на производството во земјава. Извршниот директор на одделот за еколошки технологии на „Џонсон Мети“, Џон Вокер, истакна дека во изминатите три години во фабриката биле произведени 10 милиони катализатори.

„Џонсон Мети“ отвори уште една фабрикаПо три години откако ја отвори фабриката во Бунарџик, британската компанија „Џонсон Мети“ вчера отвори уште еден погон на истата локација вреден 60 милиони евра.

Со тоа, вредноста на инвестицијата во земјава на еден од светски најпознатите производители на автомобилски катализатори достигна над 130 милиони евра.

Kомпанијата, која има 450 вработени во Македонија, во новата фабрика ќе вработи уште 200 лица. Според раководството на компанијата, големиот успех на првата инвестиција, со очекуваниот пораст на побарувачката, бил главен поттик за проширување на производството во земјава. Извршниот директор на одделот за еколошки технологии на „Џонсон Мети“, Џон Вокер, истакна дека во изминатите три години во фабриката биле произведени 10 милиони катализатори.

- Тоа е рекорд за која било нова постројка на „Џонсон Мети“. Исто така, стандардите за изработка беа бргу достигнати и тие се на ниво на најдобрите во класата. Ова е пример и модел за тоа што може да се постигне со една гринфилд-инвестиција - рече Вокер на отворањето на новиот погон.

Премиерот Никола Груевски истакна дека „Џонсон Мети“ е најголем извозник во Македонија, при што се очекува в година извозот на оваа компанија да достигне околу една милијарда долари, а по две години и 1,25 милијарда. Груевски оцени дека соработката и поддршката од институциите во земјава, како и добрата бизнис-клима биле дополнителна поддршка на плановите на инвеститорот.

- Она што исто така радува е задоволството на компанијата од способностите и постигнувањата на вработените. Образованите, способни и мотивирани кадри и поддршката од институциите беа силна поткрепа во одлуката за изградба на втората фабрика - рече Груевски.

Директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо, истакна дека со новиот погон, фабриките на „Џонсон Мети“ се најголемата гринфилд-инвестиција во земјава. Мизо нагласи дека со вториот производствен погон ќе се отворат нови работни места, но и ќе се зголеми учеството на локални компании во добавувачкиот процес на фабриките.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik